Нејмар имаше две идеални шанси за гол и не успеа да ги искористи, затоа кога беше најпотребно успеа да блесне и во последните минути од мечот со Аталанта учествувше во двете акции по кои ПСЖ даде два гола и се пласира во полуфиналето во ЛШ.

И покрај водството на Аталанта никогаш не помислив дека ќе бидеме елиминирани. Ништо не може да ме натера да не помислам дека можеме овој ПСЖ да го однесеме до финалето. Ние сме одличен тим и вистинско семејство. Невмозможно беше да се замисли дека ќе испаднеме во оваа фаза од Лигата на Шампионите“ потенцираше бразилскиот ас.