ФОТО: СПОРТМЕДИА

По долго време во Македонија конечно се игра ракомет. Струшкиот турнир ги собра најдобрите екипи од домашниот шампионат, првиот натпреварувачки ден донесе тажна слика на која се чини ќе мора да се навикнеме.

Поради пандемијата коронавирус во нашата земја има забрана за присуство на фановите на трибините, па овој традиционален турнир кој со години се играше пред публика, сега остана без главниот шмек.

Оние кои се вистински љубители на ракометот не се откажаа, од надвор, покрај оградата останаа да ги видат на дело годинешните учесници. Местата за фановите беа резервирани на тимовите.