НИНА АНГЕЛОВСКА, МИНИСТЕРОТ ВО ТРЕНЕРКИ (ФОТО)

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НИНА АНГЕЛОВСКА, МИНИСТЕРОТ ВО ТРЕНЕРКИ (ФОТО)

ВМРО-ДПМНЕ денеска праша дали Нина Ангеловска си ги повлекла своите пари (250.000 евра) од Еуростандард банка, за која Народната банка на Македонија донесе одлука да престане со работа и да поднесе барање за стечај.

Според јавно доспатните документи на веб страната на антикорупциска комисија, Нина Ангеловска си ги извадила парите од Еуростандард банка.

На имониот лист кој стои сега, наведено е дека има 534 евра во Еуростандард и околу 6.000 евра денарски депозит но не е наведено во која банка.

Во имотниот лист кој го пријави лани во Антикорупциска комисија, наведено беше дека има депозит од околу 250.000 евра, токму во Еуростандард банка.

Министерката Ангеловска досега не се изјасни за оваа промена во нејзината имотна состојба.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата