Кинезите ја финансираат изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кинезите ја финансираат изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот

За изградба на најдолгиот железнички тунел во светот под површината на морето, кој откако ќе биде завршен ќе ги поврзува главните градови на Финска и Естонија, собрани се средства во износ од 15 милијарди евра, јави њујоршката агенција „Блумберг“.

Собраните средства се обезбедени од страна на кинескиот фонд „Тачстоун капитал партнерс“, а би требало да ги покријат сите трошоци за изведба на проектот, објави компанијата која го проектираше тунелот „Фајнест беј ериа дивелопмент“.

Една третина од средствата ќе се реализираат преку приватни капитални инвестиции, а две третини во форма на заеми, според потпишаниот меморандум за разбирање.

Планираниот тунел меѓу Хелсинки и Талин ќе биде долг 100 километри, а ќе биде изграден и барем еден вештачки остров, вели креаторот на проектот, финскиот претприемач, Питер Вестербачка.

Владите на Финска и Естонија ветија дека ќе се обидат дел од средствата да добијат од Европската унија, со што би се намалил уделот на неопходните приватни инвестиции.

Иако изградбата на тунелот се уште не е започната, билетите за патување со возот веќе се ставени на продажба, од декември минатата година. Цената на еднонасочните билети изнесува 50 евра, додека годишните билети се продаваат за илјада евра, пишува „Раша тудеј“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата