Не им е прв успех: Рускиот институт со ПРВА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНА Е ПРВ И ЗА ЕБОЛА ВАКЦИНА

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не им е прв успех: Рускиот институт со ПРВА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНА Е ПРВ И ЗА ЕБОЛА ВАКЦИНА

Веста дека Русите ја регистрирале својата вакцина против Коронавирусот одекна вчера. Настанот предизвика различни реакции каде преовладуваше скептицизам. Светската здравствена организација, официјалните лица и други експерти, не се целосно сигурни во веродостојноста на оваа вакцина.

Сепак, во овој текст, зборуваме за Институтот за истражување Гамалеја, од каде потекнува вакцината. – Тој е стациониран во Москва и е подреден на руското Министерство за здравство.

Основан е пред скоро 130 години, уште во 1891 година, од научникот Николај Гамалеја, по кого и денес е именуван. Гамалеја бил пионер на истражувања од областа на вакцинацијата и микробиологијата во Русија.

По основањето, Институтот бил приватна хемиско-микроскопска и бактериолошка ординација, а во 1919 година стана национализирана.

Главното истражување спроведено од Институтот Гамалеја е за еболата и тековниот Коронавирус. Пред три години, тие најавија испорака на 1.000 дози независно произведена вакцина против ебола во Гвинеја. Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, таа е единствената официјално одобрена вакцина за оваа болест, досега.

Таков е случајот и со Коронавирусот. Институтот започна со истражување во мај оваа година. Поминаа низ три фази каде првата заврши на 18 јуни, а втората заврши во јули. Конечно, вчера, рускиот претседател Владимир Путин ја објави веста дека е развиена руска вакцина.

Индустриското производство на вакцината од страна на Институтот Гамалеја се очекува да започне во септември. Се надеваме дека ова ќе биде чекор напред кон успешно сузбивање на пандемијата што го зафати целиот свет на почетокот на оваа година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата