Очигледно е дека некој бара преку леб погача. Погледнете од видеата кои докажуваат дека набргу Победа на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп ќе игра на тепих терен, но и под светлоста на рефлекторите.

Сега, кога се крева прашина прашање до прилепчани.

На што се потрошија првите 1,2 милиони евра за овој стадион од 2010 година па наваму? УЕФА се истури од пари давање за овој проект кој почна пред десетина година кога првите милиони отидоа во бунар. И сега се крева прашина!?

Е, па, нека се направи ревизија на сите проекти за стадионот “Гоце Делчев“ од 2008 година па до денеска, или од времето на Пјуник.

Кој што сака нека каже, но сега теренот во Прилеп изгледа навистина убаво. Рековме веќе, Победа заслужува да игра на ваков терен и под светлоста на рефлекторите за првпат во историјата на градот.

Ќе се сложите, некој за тоа е заслужен. Нели…