Џими од Молика стана свекор!

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џими од Молика стана свекор!

Џими Мицевски од Молика од денес има нова титула - свекор. Убавата вест ја сподели токму неговиот син Марио, кој ја побарал раката на својата сакана Тина. Романтичниот момент се случил во Охрид, и тоа во манастирскиот комплекс Свети Наум. 

„Со среќа и за век да ви биде и многу внучиња да си гледаме“, напиша музичарот на Фејсбук, а честитите и благословите веднаш почнаа да пристигаат.

Инаку, Џими не само што му е татко на идниот младоженец и свекор на Тина, тој им е и менаџер во групата „Молика јуниор“ чиј фронтмен е токму Марио, а Тина е вокалот.

Марио е син на Џими од првиот брак, кој инаку долги години е во брак со колешката Анета. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата