Трипуновски: Со цена на грозјето од 4 денари, земјоделците не можат да извадат ни за леб

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трипуновски: Со цена на грозјето од 4 денари, земјоделците не можат да извадат ни за леб

Со цена на грозјето од 4 денари земјоделците не можат да извадат ни за леб, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека тоа е вина на Заев, Николовски и Димковски.

„Килограм грозје 4, 5 или 6 денари, ова е реалноста почитувани мои земјоделци со СДСМ. Оваа расипничка влада ги доведе земјоделците до раб на егзистенција. А од земјоделството направи гранка од која луѓето бегаат, затоа што нема да можат да извадат ниту корка леб. Зоран Заев, Љупчо Николовски и Трајан Димковски се луѓето кои нанесоа трајни последици врз македонското земјоделство“, рече Трипуновски.

Тој вели дека четврта година нема ниту откуп, ниту стабилни и високи цени, а од година во година цените за откуп на грозјето се сѐ пониски и сѐ попонижувачки.

„Алармирав дека до ова ќе дојде, и затоа уште во февруари годинава упатив повик до власта да ги свика земјоделците, откупувачите и винарниците, како ќе може да се превенира ова кое сега се случува. Но беа арогантни и не послушаа, нивната ароганција не им дозволи да видат дека иде хаос, кој се неспособни да го решат. Со СДСМ земјоделството само ќе тоне“, додаде Трипуновски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата