ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА РАЗОРНАТА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЈРУТ: Во складиштето имало и огномет

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА РАЗОРНАТА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЈРУТ: Во складиштето имало и огномет

Десетици вреќи со огномет биле складирани во истиот хангар во кој имало повеќе од две илјади тони амониум нитрат во пристаништето во Бејрут, а каде на 4 август дошло до експлозија, пишува лондонски Гардијан. Тој огномет би можел да биде одлучувачки фактор кој доведе до експлозијата, потврдиле бивши работник на пристаништето и други извори за Гардијан.

Бившиот работник на пристаништето во Бејрут, Јусуф Шехади рекол дека добил инструкции од либанската војска да го држи амониум нитратот во хангарот, а дека тука биле и 30 до 40 вреќи огномет. Тој рекол дека огнометот го запленила царината во 2009 или 2010 година, значи неколку години пред амониум нитратот и дека лично видел кога вреќите со огнометот биле внесени во хангарот.

И друг извор потврдил дека огнометот бил во складиштето кое експлодирало, а тоа го потврдува и снимката која била објавена од истражувачката страница Белингкет.

На снимката се гледат бели блесоци од запаленото складиште, кои предизвикуваат поголеми, црвени огнови кои брзо се шират пред да дојде до следната, силна експлозија, наведува Гардијан.

Во експлозијата која се случи на 4 август се уништени пристаништето цел градски кварт во Бејрут, загинаа најмалку 163 лица, додека повеќе од 6.000 луѓе се повредени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата