Татко го погребал живо своето бебе поради израсток на главата

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко го погребал живо своето бебе поради израсток на главата

Во индиската држава Кажмир е регистриран грозоморен случај. Татко го погребал своето живо 40 дневно бебе бидејќи се родило со дисфункција т.е израсток на главата за кој тој мислел дека е втора глава.

Аномалијата била тешка за семејството и го натерало таткото да го стори овој грозоморен чин и живо го закопал своето бебе во близина на градот Нохата.

Целиот настан заврши среќно бидејќи гробар кој поминал покрај местото каде што било закопано бебето и успеал да го спаси.

По хируршката интервенција, отстранет му е израстокот на бебето што бил околу два килограма. Бебето веќе е отпуштено од болница и сега е кај неговиот чичко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата