Можеби не толку квалитетно, но сепак супер интересно беше во Ѓорче на скопското дерби меѓу Македонија ЃП и Работнички. Триумф на “лавовите“ од 2:1 и тоа во последните секунди со голот на Ермедин Адем. Значи Ѓорче се радува, Градски парк тагува. Работнички може, мора и треба многу повеќе, додека Македонија ЃП си “лапна“ големи три бода од ова скопско дерби.