ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1:0 (1:0)

Стадион: Тумбе Кафе, во Битола.

Главен судија: Игор Стојчевски.

Стрелец: Хот 9’ (П)

Ж.картони: Танушев, Илиевски, Николовски (П), Серафимов, Димоски (А)

Играч на натпреварот: Анес Хот – Пелистер

 

ПЕЛИСТЕР: Талевски, Илиевски, Танушев (Нето 70’), Спиркоски, Борха, Драгарски, Николовски, Фазлију, Пејаковиќ (Бошковски 61’), Илиески, Хот (Поповски 73’).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Алчевски, Димов, Илиев, Николов (Томовски 56’), Серафимов, Стоилов, Димоски, Миловановиќ (Велиновски 86’), Радески, Пандев (Скендери 70’), Крстовски (Марковски 56’).

 

 

Одличен кам-бек за битолските „зелени“ во фудбалската елита на Македонија. Стартна победа на домашен терен против силната на имиња екипа на Академија Пандев. Во неинтересен натпревар Пелистер успеа да стигне до посакуваната цел и трите бода.

Анес Хот е херојот на битолчани кој во 9 минута од натпреварот го постигна голот вреден три бода. Робузниот шпиц доби одлична топка на десетина метри од голот на Алчевски и со мајсторски удар и лоб во стилот на врвните мајстори постигна убав гол.

Беше „ХОТ “ за екипата од Струмица во Битола која и покрај неколкуте звучни засилувања како Марјан Радески и Кире Маркоски го засилија тимот на Пандев во летниот преоден рок. Кога сме кај самиот меч треба да се издвојат шансите на гостите во 5. минута преку Крстовски кога голманот Талевски со крајни напори спасува ударот од 18 метри да го изненади. Најдобрата прилика на мечот за струмичани која ја имаше Радески во 42. минута кога се најде во добра позиција, осамен на десетина метри но чуварот на мрежата на Пелистер беше на висината од задачата.

Пелистер преку Хот ја погоди и пречката! Тоа беше нафрлање од десната страна преку одлиниот младинец Бојан Илиевски а шпицот на домашните од 5-6 метри ја тресе само пртечката но не и мреќата. Второ полувреме со само една шанса, лошо темпо, очајни напади на гостите. Но и малку фудбал, многу фудбалери со „зелени“ дресови бараа лекарска помош, времето поминуваше но битни се бодовите и крајните 1:0 кои се за Пелистер во првиот меч на „зелените“ по враќањето на елитата.

Академија Пандев и 13 средби во серија нема триумф! Лошата серија трае од 23 октомври 2019 година. Шанса за поправен следното коло против Вардар.