Тетовци против поскапувањето на струјата! СЕ КРЕНАА И ВО КУМАНОВО, ДЕБАР, ГОСТИВАР...

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тетовци против поскапувањето на струјата! СЕ КРЕНАА И ВО КУМАНОВО, ДЕБАР, ГОСТИВАР...

На градскиот плоштад во Тетово голем број граѓани се собраа на протест по повикот упатен од организациски одбор на социјалните мрежи во знак на незадоволство и револт поради зголемување на цената на електричната енергија. Претставник на органицискиот одбор ги прочита барањата. 

- Одлуката на Регулаторната комисија е скандалозна затоа што плаќаме скоро највисока тарифа за електрична енергија во Европа. Затоа од овој плоштад во Тетово го креваме својот глас во име на граѓаните за вака ги доставиме барањата до Регулаторната комисија, Парламентот, Владата и до компанијата ЕВН.  Прво регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 20 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставникот на оргнизацискиот одбор.

Тој истакна дека споменатите институции имаат десет дена да ги исполнат барањата.

- Овој протес е организиран да се даде шанса за мирот да се спречат оние огорчени граѓани кои препочитаат да ги решат овие проблеми според бугарскиот модел. Ако вие кои треба да ги решавате овие барање се оглушите, вие ќе го оштетите мирот и вие ќе бидете одговорни за насилството што може да избувне. Ако не ги сфатите сериозно овие барања ќе ги оправдате радикалните постапки на граѓаните, истакна претставникот на организацискиот одбор.

Според прочитаното соопштение на организацискиот одбор по седум дена ќе има марш по градските улици и ќе се блокира сообраќајот. 

И граѓаните на Куманово на протест 

„Ние денеска се собравме да протестираме поради тоа што доаѓаат големи цифри на фактури што навистина се неизмислени, не може човек да ги подмири, тие долгови се многу големи, и тоа нарочито кога е температурата над 30 степени, кога се користат само некои од домаќинските апарати. Повеќе гас се користи во домаќинствата затоа што се многу високи цените на електричната енергија“, вели жител за ТВ21.

Тој додава дека ќе продолжат да излегуваат на протести се додека не се намали цената на струјата.

 

Протестен марш на гостиварци против поскапувањето на струјата

 

Поголема група гостиварци вечерва одржа протестен марш незадоволни од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4 проценти. Маршот го организираше навивачката група „Кастриоти“.

Целта на протестот е да се истакнат нивните барања: да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, да се намали цената до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независен арбитражен трибунал во служба на граѓаните кој ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката.

Со транспаренти за намалување напишани на албански јазик, знамиња на Република Албанија и скандирање повеќе стотина граѓани поминаа од Центарот за култура до градскиот плоштад.

Егзон Азизи од навивачката група „Кастриоти“, кој го предводеше маршот посочи доколку не се исполнат нивните барања од четири точки, протестите ќе бидат радикализирани.

– Бараме овие четири услови да бидат прифатени што е можно поскоро, во спротивно нашите протести ќе бидат масовни и радикализирани сè до реализацијата на нашите барања, рече Азизи во обраќањето ги повика граѓаните да разотидат мирно и да не стојат во група заради условите наметнати од пандемијата.

Протестот кој траеше петнаесетина минути помина без инциденти и под надзор на полициски службеници со почитување на растојание и носење на маски. На протестот беше и градоначалникот Арбен Таравари кој нагласи дека е дојден како граѓанин, а не како политичар.

Следниот протест е најавен кон средината на идната недела, а протестирачите дадоа рок од две недели за реализација на нивните барања. Вакви и силни протести вечерва имаше и во Тетово, скопски Чаир, Куманово и Дебар.

Дебрани против поскапување на струјата

 

 Во организација на навивачката група „Соколат“ на фудбалскиот клуб „Кораб“,подржани и од други граѓански организации, доцна попладнево во Дебар беше одржан протест против поскапувањето на струјата. Поголем број дебрани се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот.

Пред насобраните, претсавникот на организаторот, Адрит Фетаху, прочита четири барања, меѓу кои и барањето да се поништи одлуката на Регулаторната комисија за поскапување на цената на електрината енергија.

– Бараме да се поништи монополот на услугите на ЕВН и да се подобри нивното некоректно однесување кон потрошувачите и секако да се распушти Регулаторната комисија, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите на штета на многу тешката економска ситуација на граѓаните, рече Фетаху.

Четвртото барање беше да се формра независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Граѓанте со кои рзговаравме категорчни беа во барањето да се поништи одлуката за поскапување на струјата, посебно сега „кога дебрани а и жителите од другите краеви на земјата се погодени од паднемијата со Ковид-19“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата