Спринтерот од Јамајка, Јусеин Болт, веројатно еден од најдобрите спортисти во историјата, сега кога е во пензија раскажува за некои работи кои му носат тага. Па така на пример тој се уште не може да си прости тоа што не успеал како фудбалер.

“Мислам дека не добив вистинска шанса, адекватна шанса да заиграм фудбал, спорт кој навистина го сакам“ вели спринтерот и светскиот рекордер на 100 и 200 метри и продолжи-“можеби некои работи не ги правев како што треба, сепак сметам дека навистина ќе бев добар и во овој спорт“.

Осумкратниот олимписки шампион во атлетика сакаше да почне фудбалска кариера во 2018 откако се пензионира од атлетиката, но иако беше на проба во клубови во Австралија, Германија, Норвешка, Ј. Африка, сепак не успеа да го искаже својот, според него, фудбалски талент.