Тамара Тодевска и по една година од тој 4 јули кога на прием во Американската амбасада погрешно ја интерпретираше македонската химна вели дека се работи за грешка.
- Јас бев убедена дека химната ја знам, а уствари не сум ја знаела. И двапати претходно сум ја пеела и исто сум ја згрешила. Излегов и си пеам од срце и душа, но со текстови сум скарана, па и со свои. Се надевам дека со тек со време народот ќе разбере дека било ненамерна грешка, изјави Тамара за „Репортер“.