Црвена Звезда подготвува вистинска „бомба“ ова лето. Како што објави денеска весникот „Курир“, нивниот фоторепортер успеал да ги фати на заеднички ручек првиот оперативец на „црвено-белите“, Звездан Терзиќ и Бранислав Ивановиќ, кој ја заврши соработката со Зенит и се уште е без клуб.

Ивановиќ се зборуваше дека ќе направи трансфер во Фулам и ќе се врати во Премиер лигата, но од Србија стигнува вест дека тој може и да остане во Белград. Како што пишува весникот, детали од разговорот на двајцата не се познати, но ништо не е исклучено.