Браќата Нуне ги промовираат последните песни снимени со Есма  

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Браќата Нуне ги промовираат последните песни снимени со Есма  

Филип и Раде или момците кои на јавноста и се попознати како „Браќата Нуне“, a беа дел од тимот на кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска, по речиси четири години решија да ги објават последните снимени песни со неа. Песните се на српски јазик, бидејќи велат, плановите биле да се направат и македонски и англиски верзии, но смртта на кралицата на ромската песна ја остави работата незавршена. Во чест на Есма токму на денот на нејзиниот роденден, односно на осми август ќе биде промовирана една песна, додека промоцијата на другата е планирана за 11 декември, денот кога престана да чука нејзиното срце.

- Првата песна што ќе биде објавена на во сабота е со наслов ,,Латино у моди” чија музика е лично на Есма и е од нејзиниот голем хит „А бре како“, текстот е на Симеон Атанасов, а ние се  погриживме за аражманот. Видео записот го направивме кратко по нејзината смрт и е снимен во македонскиот народен театар. Задолжен за видеото е Дарио Јанковиќ, а за постмонтажата и визуелните ефекти Дуле Јанев. За аудиото продукциски беше задолжен Горан Гешовски. Одлуката зошто го објавуваме токму сега овој материјал, пред се, е обележување на роденденот на Есма, денот кога нашата легенда е родена. Да се објави така големо дело за нас требаше време да созрее и да сфатиме што сме направиле. Се надеваме искрено дека ќе им се допадне на сите слушатели и гледачи, а веруваме дека и Есма би била среќна со тоа… Во оваа година покрај песните со Есма ќе објавуваме нови дела од нас и нашиот тим кој непрекинато во изминативе години ги работиме. „Да се сакаме и шириме љубов“, тоа беа зборовите на Есма, тоа кралицата и нам ни го всади и такви се и нашите зборови, бидејќи во овие тешки денови сите сфаќаме колку е голема љубовта на еден кон друг.  Затоа да шириме љубов, бидејќи таа вечно живее…, велат Филип и Раде.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата