Огнен Здравковски е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД – 19, ама не се откажа од промоција на новата песна (ВИДЕО)

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Огнен Здравковски е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД – 19, ама не се откажа од промоција на новата песна (ВИДЕО)

Дека ситуацијата со коронавирусот воопшто не е наивна, говори и тоа што младиот пејач Огнен Здравковски токму на денот на промоција на неговата најнова песна, доби резултат дека е позитивен на Ковид – 19Тој вели дека не знае како го добил вирусот и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и внимавал максимално. Но, како што самиот вели, главата горе и ветува дека од оваа борба ќе излезе како голем победник, а особено го мотивира неговата најнова песна „Љуби ме“, која дефинтивно е една од неговите најдобри музички остварувања досега.

- Да, вистина е дека сум позитивен на Ковид – 19, но тоа воопшто не ме предомисли токму денес да ја промовирам мојата најнова песна. Животот е непредвидлив, но верувам дека за неколку дена ќе излезам како победник од оваа битка. Искрено не би сакал да се става многу акцент на тоа дека сум позитвен на вирусот. За мене денеска е посебен ден, бидејќи едвај го чекав денов за да ја споделам мојата нова песна, во која многу верувам, вели Здравквоски.

Новата песна се вика „Љуби ме“, а овојпат Оги довербата за ова музичко ремек-дело му ја довери на неговиот колега Димитар Андоновски, кој стои како автор на музиката и аранжманот, додека, пак, текстот го напиша Магдалена Ена Цветковска.

Инаку, за новата песна, Огнен сними и одличен видеоспот, во кој покрај него се појавува и убавата Мартина Симоновска, а пак режисер на истиот е добро познатиот Гордан Божиновски.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата