ДЕНЕШЕН ХОРОСКОП: Овие знаци треба да внимаваат на ЗДРАВЈЕТО

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕНЕШЕН ХОРОСКОП: Овие знаци треба да внимаваат на ЗДРАВЈЕТО

ОВЕН

Работа: Сте направиле добра проценка и сега ги уживате придобивките од вашиот деловен труд, вложување и посветеностЉубов: Чувствувате потреба да го смените љубовниот статус. Со знак Стрелец ве очекува многу убава прилика за среќна врска. Здравје: Проблеми со нозете.

БИК

Работа: Можете да очекувате помали потешкоти во работата, не паничете туку посветете се и смирено решете ги проблемите. Љубов: Љубовната состојба ви е на некој начин блокирана. Здравје: Проблеми со температура.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Со задоволство ги прифаќате новите работни обврски и спремни сте да искажете желба за унапредување. Љубов: Неразбирањето кое се јавува меѓу вас и вашиот партнер може да ве донесе до прекин на врскатаЗдравје: Потребен ви е одмор!

РАК

Работа: Доаѓа до некои мали промени кај вас. Кога е во прашање работата, можете да бидете спремни за големи пресврти. Љубов: Не ви е лесно да направите компромис во односот со саканата личност. Здравје: Помали проблеми со видот.

ЛАВ

Работа: Можно е да имате помал конфликт на работното поле и нема да ви биде лесно за се да решите. Љубов: Можна е голема дистанца меѓу вас и партнерот. Загрижени сте бидејќи вашата врска нема да се врати по старо. Здравје: Проверете крвна слика.

ДЕВИЦА

Работа: Пред вас е период полн со работни предизвици. Важно е да се потрудите да поработите на концентрацијата. Љубов: Можно е понекогаш да сте многу љубоморни, а тоа на партнерот му смета. Здравје: Немате кондиција, променете навики.

ВАГА

Работа: Најдобро е ништо да не форсирате и на работното место да покажете трпение за некои работи да ви се разрешат. Љубов: Доколку сакате да ви опстои врската мора да направите компромис со партнерот. Здравје: Можни се проблеми со алергии.

СКОРПИЈА

Работа: Не дозволувајте било кој да влијае на вашата работа. Важно е во наредниот период да ја слушате само вашата интуиција. Можно е да сте спремни за да бидете многу флексибилни. Љубов: Вашата љубовна ситуација е многу комплицирана. Здравје: Чувајте се од повреди, чувствителни сте.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Пред вас е ден во кои можете да имате помали штети на работа. Денеска немојте да влегувате во било какви инвестиции. Љубов: Можно е постепено да се оддалечувате од вашиот партнер. Здравје: Проблемите со алергии се поизразени.

ЈАРЕЦ

Работа: Можни се помали конфликти со вашите претпоставени, како и проблеми на работа. Генерално ова не е поволен ден за вас. Љубов: Ни самите не сте сигурни што сакате и ви делува дека поради вашата неодлучност ќе го изгубите партнерот. Здравје: Водете грижа за притисокот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Денеска не е поволен ден за вашиот работен план. Можно да имате многу проблеми на ова поле. Љубов: Можно е да бидете на некој начин изненадени од реакцијата на партнерот и денеска нема да имате конфликти во врската. Здравје: Поспани сте и многу исцрпени.

РИБИ

Работа: Ве очекува период во кој можно е некој намерно да ви даде погрешни информации Љубов: Лесно може да се случи мала дистанца во вашиот однос со партнерот. Можно е тоа тешко да ви биде. Здравје: Проблеми со забите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата