Харадинај удрил по ЕУ и Хотиј! Рамуш брутален кон лидерите од Брисел

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Харадинај удрил по ЕУ и Хотиј! Рамуш брутален кон лидерите од Брисел

Се спротиставил на дијалогот Белград Приштина

Лидерот на Алијанса за иднината на Косово (АБК) и бивш премиер Рамуш Храдинај рекол дека Приштина се вратила на технички дијалог со Србија и навел дека кога е во прашање дијалогот со Белград, не му верува на актуелниот премиер Авдулаху Хотји.

Харадинај за РТК рекол дека нема да го подржи дијалогот ако АБК нема да присуствува на состаноците и истакнал дека е против дијалог, ако од него се исклучени САД.

“Косово го нема тој луксуз ако американскиот дијалог биде заменет со слаби водачи, како што се Лајчак и Борел“, рекол лидерот на АБК.

Харадинај, кога станува збор за доверба спрема владата на чело со Авдулаху Хотије, нагласил дека “во поглед на дијалогот со Србија, него не му верувам“.

Меѓу другото, тој навел, “дијалогот со Србија не треба да се приватизира, за тоа прашање треба да постои широк консензус“. пренесува Танјуг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата