Вака како што тера владата на избори ќе се соочи со граѓански одговор, со пркос

13.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вака како што тера владата на избори ќе се соочи со граѓански одговор, со пркос

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Сител телевизија ја предупреди владата да не се дрзнува на изборен фалсификат затоа што ќе се соочи со револтот на граѓаните, а со тој чекор може да се доведе во прашање иднината на државата.

Тој посочи дека владата не смее повторно да го злоупотребува правото на глас на граѓаните, како тоа што се случи на референдумот, кога се гласаше за 2,4 секунди, или пак во некои места имаше излезност од 95%, и додаде да не се злоупотребува државниот апарат за политички прогон и вештачки вработувања.

– Ако продолжи злоупотребата на државниот апарат, како тоа што се случуваше во изминативе денови, ако гледаме дека имаме политички прогон и притисоци и тој продолжува за време на изборната кампања. Ако гледаме дека имам вештачки вработувања во државната и локалната администрација тоа се само предуслови кои што на нас може да ни донесат одлука, во која не само ВМРО-ДПМНЕ туку и граѓаните во целост да пројават пркос и револт да не излезат во вториот круг на претседателските избори, но тоа ќе биде лошо  и за државата и за евроатланските интеграции, истакна Мицкоски.

Токму затоа тој уште еднаш апелираше до власта да не ја злоупотребува моќта за да си поигрува со изборниот процес  и да не ја доведува во прашање иднината на Македонија и граѓаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата