Рајко Дујмиќ ја донесе Евровизија во Југославија! Се сеќавате ли на победничката песна?

4.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рајко Дујмиќ ја донесе Евровизија во Југославија! Се сеќавате ли на победничката песна?

Фронтменот на Нови Фосили Рајко Дујмиќ кој почина денеска е еден од најдобрите композитори во поранешна Југославија. Со неговите хитови растеа и се заљубуваа генерации во осумдесеттите години.

„За добра стара времена“, „Ја сам за плес“, Е мој Саша“... ова се само некои од хитовите на Дујмиќ.

Неговата „Рок ми бејби“ отпеана од групата Рива и пејачката Емилија Кокиќ победи на Евровизија во 1989 година во Швајцарија, претставувајќи ја тогашна Југославија, па следната година најголемото европско музичко натпреварување се одржа во Загреб.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата