500 ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 досега во Македонија

3.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
500 ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 досега во Македонија

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.128,  доодека бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.

Изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати пациенти.  Пациент од Битола (73г.), пациент од Демир Хисар (73г.) и пациент од Скопје (44г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата