Со вртење на БМВ под рачна, на главната улица во скопско Арачиново, вчера околу 11.30, 17 годишно момче покоси тројца возрасни жители на селото, кои седеа покрај улицата.
Имено, од видеото во продолжение можете да видите дека БМВ-то прави три круга и со задницата удира директно во луѓето и ги залепува за ѕидот. Тие се префрлени на Клинички центар и едниот од нив е во критична состојба.
Видеото е од безбедносни камери.
Од МВР се уште нема информации за несреќата.