Пратеникот Ного со пејнтбол пушки САКАЛ ДА ПУКА КОН НОВИТЕ ПРАТЕНИЦИ

3.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пратеникот Ного со пејнтбол пушки САКАЛ ДА ПУКА КОН НОВИТЕ ПРАТЕНИЦИ

Српската полиција го запрела автомобилот на пратеникот Срѓан Ного во центарот на Белград, кој се движел кон Националното собрание, а багажникот ил полн со пејтбол пушки и пиротехнички средства, дознава Курир.рс

Порталот пишува дека очигледно, Ного е решен во намерата да предизвика хаос пред Собранието, затоа што неколкумина негови приврзаници со пиротехника се пронајдени пред Народното собрание.

Пред една недела, Ного најави дека нема да дозволи денешно конституирање на новото Собранието и ги повика лидерите и симпатизерите на опозицијата да дојдат да пукаат кон идните пратеници.

Како што тој најави во тоа време, веќе се нарачани пушки за пејнтбол, од кои ќе пукаат и кои можат да фрлат околу 200 до 300 метри, факели и други пиротехнички средства кои опозицијата ќе ги користи за пукање на идните пратеници во новиот српски парламент.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата