Аталанта или Интер? Кој ќе заврши на второто место на табелата во Серија А? Тоа ќе го дознаеме вечерва кога после директниот дуел на овие две екипи во последното коло од италијанската Серија А. Јувентус е првак на Италија, а тимот од Бергамо не само што има шанса да го направи најголемиот успех во италијанската елита туку може да достигне и трицифрен број на голови што е вистинска реткост на Апенините.

Интер моментално го држи второто место со поен предност во однос на третопласираната Аталанта. Но тоа не е се. Во случај на ниво реми, а победа на Лацио во Неапол тогаш римскиот клуб ќе застане на втората позиција.

Затоа ни Интер, ни Аталанта не смеат да тактизираат премногу, а второто место носи и подобар финансиски бенефит. Мечот се игра во Бергамо, каде Аталанта нема изгубено меч од јануари (тогаш, неочекувано паднаа во дуелот со СПАЛ).

Последниот меѓусебен дуел одигран во Бергамо и припадна на Аталанта со 4:1 (во ноември 2018), а потоа двата меча во Милано завршија со 0:0 и 1:1.

Секогаш сум кажувал дека е многу важно да се има добар баланс помеѓу нападот и одбраната. Аталанта постигна многу голови, дури на 20 едноподруго натпревари ја тресеше мрежата на противникот, тоа е одлично за нив. Но ние го имаме најдобриот одбранбен ред и вториот најдобар напад.  Се надевам дека ова ќе биде убав натпревар, ќе видиме отворен и напаѓачки фудбал без калкулации“, изјави тренерот на Интер Антонио Конте кој денеска полни 51 година.

ИТАЛИЈА, 38.КОЛО

АТАЛАНТА – ИНТЕР
сабота, 20:45 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ3+ или ПГ2