Пред стартот на подготовките закажани за во петок, Вардар официјализира уште двајца ракометари. Сомислав Јагуриновски и Ловро Јотиќ.

Со Томислав Јагуриновски и Ловро Јотиќ, екипа Вардар 1961 го формираше ростерот со кој ќе настапува во новата сезона.

Јагуриновски е репрезентативец на Македонија и по неколку години се враќа во тимот од „Јане Сандански“ каде ќе остане две сезони. Игра на позицијата десен бек. За хрватскиот интернационалец Јотиќ ова ќе биде втора сезона во Македонија откако лани настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер од Битола. Јотиќ игра на позицијата среден бек.