Фудбалска Федерација на Македонија објавува повик за пријава на женски фудбалски клубови за пополнување на ДВЕ места во Прва Женска Фудбалска Лига за сезона 2020/21.

Рокот за пријавување е најдоцна до 21.07.2020 година.

Со пријавата се доставуват следните документи:

1.Решение за упис во Централен регистар

2.Тековна состојба од Централен Регистар – не постара од 60 (шеесет) дена

3. Решение од Агенција за Млади и Спорт за вршење дејност спорт

4.Потврда од ОФС

5. Список на играчи со ИД број од КОМЕТ (најмалку 25 фудбалерки)

6.Главен и алтернативен терен

Пополнетата пријава, во прилог на оваа објава, заедно со бараните документи да се достави до архивата на ФФМ, на адреса бул. АСНОМ бр. 21 – Скопје и на електронска пошта на следната адреса: кусхтрим.лумаЖффм.цом.мк во предвидениот рок.

Во случај на пријавување на повеќе од две екипи, предност ќе имаат оние екипи кои први доставиле пријава.