Заев: Имаме предност од три мандати, со можност за нивно зголемување

16.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Имаме предност од три мандати, со можност за нивно зголемување

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред малку на прес-конференција прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори.

„Успеавме со убедлива и стабилна предност во моментов со над 3 пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ со можност за уште еден или двајца пратеници повеќе. Нашата коалиција ‘Можеме‘ е победничка коалиција на овие парламентарни избори. Најразноликата и победничка, тоа е ‘Можеме‘. Волјата на народот се потврди, излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина за ред и правда

Избраа подобро денес и подобро утре“, рече Заев.

Според него, последните податоци покажуваат дека СДСМ во моментов има 49 мандати, наспроти ВМРО-ДПМНЕ со 46.

Пред насобраните поддржување и придружуван од сите носители на листи на коалицијата „Можеме“ додаде дека патот напред е потврден и, како што рече, „на опасноста и кажавме јасно НЕ“.  

Според Заев, изборите биле како што ѝ доликува на земја членка на НАТО и земја која ќе преговара со ЕУ. Изборите, како што рече, биле мирни, достоинствени, слободни и демократски, безбедни и современи.

„Почитувани граѓани вие сте победници, бидете горди, денес победи иднината победи напредокот“, додаде Заев.

Патот, како што вели, е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште подобро.

„Ќе продолжиме тоа да го правиме и во иднина, со многу научени лекции зад нас.  

Следува правда. Поддршката е уште една шанса за правда“, рече Заев.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата