Напаѓачот на Аталанта Луис Муриел, стрелец на 17 голови во Серија А сезонава, ќе одмара неколку денови поради повреда. Колумбиецот се повредил додека бил дома. Паднал и си ја удрил главата, па го однеле во болница каде што му ја зашиле дупката и минал низ скенер кој покажал дека нема посериозна повреда.

Детали околу случката нема, а две верзии кружат низ интернет: AGI News информира дека играчот се лизнал додека излегувал од туш-кабината, додека Sky Italia тврди дека паднал кога сакал да скокне во базенот.

Муриел ќе го пропушти вечерашниот дуел со Бреша кој е важен за заверка на местото во ЛШ, а за понатаму ќе кажат лекарите.

А самиот Муриел се огласи на Фејсбук до своите фанови и кажа дека се чувствува добро и нема потреба за загриженост и дека вечерва ќе присуствува на мечот со Бреша но ќе го гледа од трибините.