СВР-Струмица тврди дека не му е изречен притвор на градоначалникот на Василево

14.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СВР-Струмица тврди дека не му е изречен притвор на градоначалникот на Василево

СВР – Струмица попладнево преку соопштение објави демант на информациите објавени во одредени медиуми дека на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и на уште едно лице им е одреден притвор за наводен изборен поткуп.

- Во однос на изнесените вести на одредени веб портали дека е определена мерка притвор за лицето М.Ј. и за уште едно лице од општина Василево, ве известуваме дека таква мерка „притвор“ не е определена спрема посочените лица, туку на истите им е врачена покана заради обавување на разговор и давање потребни известувања, стои во соопштението на СВР-Струмица.

Од струмичката полиција апелираат до медиумите да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк, а за сите потребни информации стојат на располагање на медиумите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата