Новиот голман на Вардар 1961, Робин Кантегрел тргна кон Скопје. Французинот заедно со Борко Ристовски и Марко Кизиќ ќе бидат задолжени за мрежата на актуелниот шампион во Лигата на шампионите.

Вардар 1961 со подготовките тргнува во сабота, па Кантегрел ќе има доволно време да се прилагоди на новата средина.

Пред собирот играчите ќе ги минат потребните тестови, а во текот на оваа недела клубовите треба да ги добијат препораките од Комисијата за заразни болести.