Италијански инфектолог: ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНА ПОМИНА, извештаите само се негативни

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијански инфектолог: ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНА ПОМИНА, извештаите само се негативни

Специјалистот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни заболувања во Џенова, вели дека епидемијата на Ковид 19 во Италија поминала и тоа може да се види во бројките.

- Секој што ја следи епидемиолошката состојба во Италија може да мисли дека сè уште сме во целосна епидемија на коронавирус. Секоја новост започнува со дневни извештаи за бројот на заразени и хоспитализирани. Но, тоа е погрешен впечаток. Епидемијата на Коваид-19 помина и може да се види по бројки: имавме 4.000 пациенти на интензивна нега, а денес во земја со повеќе од 60 милиони жители, само 60, вели тој.

Според агенцијата АГИ, тој ја критикувал тенденцијата да се зборува за раст на заразените секој ден, како воени извештаи, без да се анализираат податоците за тоа колку се асимптоматски, колку се хоспитализирани и слично.

Ова не е случај во ниту една друга земја, само во Италија, тврди д-р Бастети.

- Сеј инсистира на негативни податоци и се заборава дека Италија беше прва која беше погодена од пандемијата и дека успеавме да излеземе од кризата, вели инфектологот.

Според него, проблемот е во комуникацијата и тој ги гледа виновниците во локалните институции, медиумите, но и меѓу „експертите“ на кои им припаѓа.

- Тоа инсистирање на негативата само ги збунува луѓето, ние ги исплашивме, а здравствената криза, барем што се однесува до Италија, е завршена, заклучи Басети.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата