Љупче Дориев, еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ и најдобриот во Академија Пандев, се чини дека е на најдобар пат да замине во странство, и тоа во Србија. Како што дознава СПОРТМЕДИА, за услугите на репрезентативниот напаѓач голем интерес пројавувал Раднички Ниш, петопласираниот тим во штотуку завршениот шампионат кај нашиот северен сосед.

Инаку Дориев веќе две години, откако и дефинитивно се етаблира во ПМФЛ како еден од најдобрите фудбалери, постојано е трансферна цел на клубови, како од Македонија, така и од странство.

Сега се чини дека е време конечно да се направи трансфер.