Црна Гора: 59 новозаболени и 2 починати

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црна Гора: 59 новозаболени и 2 починати

Во Црна Гора се регистрирани 59 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, објави Институтот за јавно здравје во земјата.

Од почетокот на јуни, вкупниот број регистрирани случаи е 695 со 10 смртни случаи, додека во моментот се активни 680 случаи, пренесува Вијести со седиште во Подгорица.

Во последните 24 часа беа тестирани 565 лица, а повеќето од новозаболените се од Подгорица.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата