Денеска и официјално грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија стана нов играч на ЦСКА Москва. Тој стави потпис на тригодишен договор. Меѓутоа во Грузија оваа вест беше окарактеризирана како скандал. На социјалните мрежи, грузискиот репреззентативец го нарекоа „предавник“. А истото мислење го дели и претседателот на Грузија Салом Зурабишвили.

„За мене, како претседател на Грузија, неприфатливо и некоректно е капитенот на грузиската репрезентација да оди во ЦСКА Москва“, е ставот на Зурабишвили.

Во 2012, Грузиецот играше за Филаделфија, а потоа и за Бруклин. Потоа се врати во Европа, а последните шест години играше за Басконија.