НБА-тимовите полека пристигнуваат во Орландо, градот во кој ќе се доигра сезоната во најсилното светско клупско натпреварување.

На списокот на играчите на ЛА Клиперс не се најде МВП-то од минатогодишното финале, Кавај Ленард.

Сепак како што пишуваат медиумите во САД нема простор за паника, суперѕвездата ќе дојде неколку дена подоцна, поради семејни обврски добил слободни денови. Тој на своите соиграчи треба да им се приклучи до крајот на овој викенд.