Екипата на МЗТ Скопје Уни Банка го продолжи договорот на младиот Борјан Стојановски на уште една година, односно се обврза да го носи дресот на вториот тим на „штрковите“ во сезоната 2020/21. Се работи за 19 годишен плејмејкер кој ќе биде од голема помош за втората екипа на МЗТ во Првата кошаркарска лига.