Контраудар од Брисел: АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ МОРА ДА ВАДАТ ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ!

9.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Контраудар од Брисел: АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ МОРА ДА ВАДАТ ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ!

Граѓаните на САД од 2021 година ќе треба да вадат виза кога ќе сакаат да патуваат во земјите од Шенген , соопштенот е од Европската унија.

На основ на новиот Европски систем за информации и одобрување на патувањата (ЕТИАС) од 2021 година ќе биде потребна виза за влез во било која од 26 земји членки на Шенгенскиот договор.

Во соопшетнито од ЕУ е истакната дека новите регулативи се воведуваат за да се избегнат  новите проблеми со илегалната миграција и тероризмот и дека по добивањето на ЕТИАС визата таа ќе трае 3 години.

„ЕТИАС визата за Американци овозможува повеќе влегувања со малку рестрикција како би се унапредил туризмот, а при тоа се одржува и високото ниво на меѓународната безбедност“ се наповенува во соопштението.

На поголем дел од државјаните на ЕУ кои патуваат во САД не и е потребна виза, но , тоа не важи и за жителите на Полска, Кипар, Романија, Хрватска и Бугарија.

Инаку, Шенгенската област е составена од 26 држави меѓу кои не постојат интерни граници, што на граѓаните им овозможува слободно патување.

Во моментот на граѓаните на САД не им е потребна виза за влез во Европа ако остануваат помалку од 90 дена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата