(Видео) Денес е Светски ден на чоколадото, почестете се со мус од само 3 состојки

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Денес е Светски ден на чоколадото, почестете се со мус од само 3 состојки

Денес е Светски ден на чоколадото, по тој повод за сите љубители на чоколадото еве еден едноставен рецепт од само неколку состојки што е совршен за славење на овој ден.

Потребни се само три состојки и малку добра волја и трпеливост додека да се олади чоколадниот мус.

Состојки:

140 г марчмелоу

360 мл млеко (околу една и пол чаша)

170 г темно чоколадо

Подготовка:
1. Ставете ги марчмелоу и млекото во сад и загревајте на тивок оган додека не се растопат тотаните. Процесот трае околу 5-7 минути.

2. Смесата со стопените марчмелоу потоа истурете ја врз 170 г сечкано темно чоколадо и оставете 2-3 минути. Потоа мешајте додека смесата не се изедначи.

3. Поделете ја смесата на четири дела, односно истурете ја во четири чаши и ставете ја да се лади барем еден час.

4. Доколку сакате, можете да го збогатите мусот со шлаг, овошје или трошки од чоколадо.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата