Еден од најталентираните млади македонски кошаркари (родени 2002 година), Богдан Мирковски и во наредните две години ќе игра на Италија за тимот Мантована баскет со кого потпиша двегодишен договор.

Високото крило дојде во Италија уште во сезоната 2016/2017, беше дел од Блу Сеа баскет од Лавања, по што се пресели Канту го имаше успешен настап во У16 шампионатот на Италија.

Мирковски беше дел кадетската репрезентација која во Сараево го освои третото место на ЕП од Дивизијата „Б“.

Во последните две сезони настапуваше за јуниорскиот тим на ABC Кант.

Со „Добредојде Богдан“ на македонски јазик, Мирковски е пречекан од страна на новиот клуб.