Едноставно Лина Ѓорческа, нашата најдобра тенисерка, како да нема намера да застане на Источноевропскиот турнир во Белград. Денеска Македонката со 2:0 во сетови, а во гемови 6:0 и 6:2, успеа да ја победи турчинката Басак Ерајдин. Ова за Лина беше втора победа во вториот меч од вториот круг на овој турнир кој се одржува во главниот град на нашиот северен сосед.
Инаку вкупно на овој турнир, Лина настапи шестпати, и успеа да победи дури на пет меча, забележа само еден пораз кој не и пречеше да се пласира во следната фаза.