Странските студенти нема да можат да останат во САД доколку нема настава на универзитетите

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Странските студенти нема да можат да останат во САД доколку нема настава на универзитетите

Владата на САД соопшти дека нема да дозволи странските студенти да останат во земјата во случај универзитетите во кои се запишани да одлучат да ја започнат новата академска година, односно есенскиот семестар, со онлајн часови.

Во тој случај, на новите студенти ќе им биде забрането да влезат, а оние што се веќе во САД ќе треба да ја напуштат земјата.

„Американската влада нема да им издава визи на студентите запишани во програми што наесен ќе се одвиваат исклучиво преку интернет и граничните службеници нема да им дозволат да влезат во територијата на САД“, соопштија од американската администрација за имиграција и царинска управа (ICE).

Што се однесува до странските студенти кои веќе се во САД, тие ќе мора да ја напуштат земјата или да преземат други чекори и, на пример, да се запишат во високообразовна институција каде што наставата ќе се одвива нормално за да го задржат својот легален статус“, објаснува ICE.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата