Никој не може да се помири со големата трагедија која се случи во јануари. Еден од најдобрите кошаркари во светот, Коби Брајант го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа заедно со уште осум лица меѓу кои и неговата ќерка Џиџи.

Смртта на Коби го погоди и Пол Гасол, кој вети дека постојано ќе биде со неговото семејство. Шпанецот ова го потврди на дело, тој беше во посета на семејството Брајант, се дружеше со неговите ќерки.