Уште една одлична супер партија, уште еден гол, вкупно 93-ти на капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев во Серија А.

Медиумите во Италија се натпреваруваат кој ќе го пофали повеќе Македонецот, но сите се сложуваат дека тој е играч на натшреварот Удинезе – Џенова, кој заврши 2:2, и тој е со највисока оценка 6.5. Во образложението за таквата оценка се вели дека…

“Пандев се движи по теренот како што треба, како дете, просто ја “гали“ топката, се однесува како пијанист со пијаното. Постигнатиот гол е уште еден бисер во кариерата на македонскиот Моцарт“, ете тоа се зборовите на дел од медиумите во Италија кои ме штедат зборови за нашиот ГРАНДЕ Пандев.