После стартните пет порази од пет натпревари за Митов-Нилсон и неговиот Сапрсборг, конечно, кошмарот заврши.

Сарпсборг денеска го совлада тимот на Сандерфјорд со 0:3 на гостински терен, и дојде до првиот триумф.

Во првите пет кола, Митов-Нилсон осум пати ја вадеше топката од мрежата, а денеска, конечно, прв пат со „чиста мрежа“, и, конечно, со прва победа.