Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е незадоволен од постојаните критики кон неговиот тим дека добива помош од ВАР и така ги добива натпреварите.

„Се изморив да слушам, како победуваме поради судиите. Тоа нема да се промени, но играчите заслужуваат внимание. Никој нема да не оддалечи од нашата цел“, рече Зидан.

И денеска Реал Мадрид триумфираше со гол од пенал, трет пат по ред, откако беше прегледувана ситуацијата со ВАР, како што беше и претходните натпревари.

„Тоа беше многу важна победа. Покажавме колку сме силни и стабилни. Скеој меч за нас е важен до крајот на сезоната“, изјави Зидан.