Србинот Анес Хот (25) е новото име во редовите на Пелистер. Станува збор за напаѓач, а доаѓа од Нови Пазар. Во изминатиот дел од својата кариера Хот настапувал и за екипите на Мокра Гора, Фап Прибој, Тутин. Потекнува од фудбалската школа на Нови Пазар. Тоа значи дека Пелистер во следната сезона во ПМФЛ во нападот ќе биде на Црногорско – Српски “погон“, имено пред неколку денови битолчани го потпишаа Иван Пејаковиќ. Покрај овие две нови имиња, Пелистер ги ангажира и Давор Талески, Ѓорѓи Танушев, Валентин Кочоски, Дарко Илиески. Промоцијата на Хот се очекува во утрешниот ден, а денеска беше промовиран Кристијан Николовски, кој дојде од Борец, и кој СПОРТМЕДИА веќе го пиша како ново име во редовите на Пелистер.