Тимур Дибиров е еден од „староседелците“ во редовите на Вардар 1961. Рускиот репрезентативец во „бурата“ пред пандемијата коронавирус и најавите за финансиски колапс, одлучи да биде трпелив и да му даде шанса на македонскиот тим. Тој ја прифати понудата на сторо-новиот газда и остана во Скопје.

Дибиров, „црвено-црниот“ дрес го облече во 2013 година, стана заштитен знак на клубот, за кратко време ги освои симпатиите на фановите на Вардар.

За „handballfast“ открива интересни детали, пред да дојде во Скопје в раце имал договор со ПСЖ, но го одбрал Вардар. Дибиров бил на мета на Монпеље минатата сезона, поточно пред паузата, а ова лето меѓу заинтересираните тимови бил и Мешков Брест.

„Одлуките ги носам на база на чувства, сето ова излгеда нелогично, јас така се водам. Пред да дојдам во Вардар во 2013 година имав договор в раце од ПСЖ, но сепак се одлучив да го одберам Скопје пред Париз. Во тоа време Вардар беше далеку од она што е сега, а додека во ПСЖ играа Хансен и Аболо. На крајот мојата одлука се покажа како вистинска. Го сакам Скопје, се чувствувам одлично“, вели Дибиров.

„Во декември имав понуда од Монпеље, но беше рано за преговарање, потоа се случи пандемијата коронавирус. Да, точно е дека имав понуда и од Мешков Брест“.

Левото крило вели дека е одлично што македонските тимови за време на пандемијата изградиле добри состави.

„Како резултат на пандемијата во Европа голем дел од тимовите влегоа во финансиска криза, но во Македонија, според она што можев да го прочитам од медиумите, трансфер-маркетот беше раздвижен. Навистина бев изненаден, но тоа е одлично, конкуренцијата се врати, ќе има одлични дерби-мечеви. Ќе биде опасно за нас, но од друга страна стагнацијата е лоша работа“.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.