Екипата на Работнички попладнево ги стартуваше летните подготовки за новата сезона. Со тренерот Ратко Достаниќ и неговите помошници на чело, „Романтичарите“ под строгите правила и протоколи за заштита од коронавирусот започнаа уште еден тренажен процес за кој веруваат дека ќе им донесе добри резултати следната сезона.

Првата фаза од подготовките ќе се одвива во клупската база, а потоа е планирано заминување на охридското крајбрежје, каде ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари. Во наредните денови ќе биде објавен и деталниот распоред на пријателски мечеви што ќе ги одигра составот на Работнички.